Кон содржината
Прва платформа од ваков вид во Македонија

Поканата не е документ. Таа е првиот впечаток од вашиот настан.

Изберете дизајн, внесете ги деталите и споделете линк. RSVP, распоред на маси и галерија — вклучени.

Бесплатно за уредување

Без претплата

Без апликација за гостите

7
Премиум темплејти
10 мин
До готова покана
МК + EN
Двојазични покани

Како функционира

Три чекора до поканата

Без дизајнер и без чекање. Сè го правите сами, во реално време.

  1. Изберете темплејт

    Седум премиум дизајни, секој со своја палета и фонт-пар. Сменете темплејт кога сакате — податоците остануваат.

  2. Пополнете ги деталите

    Форма со жив преглед. Додајте распоред, RSVP, одбројување, локација, галерија — по избор.

  3. Споделете

    Еден линк за сите, или персонализирани линкови по гостин со следење кој не одговорил.

Функции

Сè на едно место

Повеќе од покана — целосен систем за управување со настанот.

Персонализирани линкови

Секој гостин добива свој линк со претходно пополнето RSVP. Точно гледате кој не одговорил — по гостин, не по бројка.

Аналитика

Кој ја отворил поканата, кога и од каде. Стапка на одговор и предвидување на присутност.

Автоматски потсетници

Поканата сама им пишува на гостите што не одговориле. Вие не правите ништо.

Распоред на маси

Распоредете гости по маси. Гостинот скенира QR на влез и ја гледа својата маса — без картички и конфузија.

Напреден RSVP

Да / Не / Можеби, плус-еден, деца, мени, алергии и превоз. Точен број порции за ресторанот.

Галерија со качување

Гостите качуваат фотографии директно на поканата. Вие ги одобрувате. GPS податоците се бришат автоматски.

Темплејти

Изберете свој стил

Секој темплејт е целосен дизајн — типографија, палета и движење. Сменете го во секое време.

Цени

Плаќате еднаш. Без претплата.

Еднократна уплата, важечка за целото времетраење на вашиот настан. Никакви скриени трошоци.

Basic

1.990ден

180 дена · еднократна уплата

  • До 150 гости
  • Стандардни темплејти
Почни со Basic

Standard

Најпопуларен

3.490ден

12 месеци · еднократна уплата

  • Неограничени гости
  • Сите темплејти
  • Галерија (500 MB)
  • Закажани потсетници
  • Статистики и следење
  • Без Покани брендирање
  • Книга за гости
Почни со Standard

Premium

5.990ден

Доживотно · еднократна уплата

  • Неограничени гости
  • Сите темплејти
  • Галерија (2 GB)
  • Закажани потсетници
  • Статистики и следење
  • Без Покани брендирање
  • Книга за гости
  • Распоред на маси
  • Check-in на настанот
  • Лозинка за покана
Почни со Premium

По мерка

Корпоративен настан, конференција или повеќе покани одеднаш? Побарајте понуда и ќе се јавиме со предлог.

Побарај понуда

Прашања

Често поставувани прашања

Дали можам да го сменам темплејтот откако ќе платам?

Да — сите ваши податоци (имиња, датум, локација, RSVP) се чуваат независно од темплејтот. Сменете го во секое време и сè се пренесува автоматски.

Дали гостите треба да инсталираат апликација?

Не. Поканата се отвора во прелистувач — на телефон, таблет или компјутер. Без апликација и без регистрација за гостите.

Која е разликата помеѓу јавен и персонализиран линк?

Јавниот линк е ист за сите. Персонализираниот ја отвора поканата со веќе внесено име на гостинот и ограничен број места — идеално за контрола на бројот на лица.

Дали ги задржувате RSVP податоците откако поканата ќе истече?

Да. Одговорите остануваат во вашиот профил и по истекувањето, и може да ги извезете во Excel во секое време.

Можам ли да платам со банкарски трансфер?

Да. Прифаќаме банкарски трансфер и P2P плаќање. По изборот на план добивате инструкции и PDF фактура.

Вашиот настан заслужува покана на ниво.

Почнете денес — уредувањето е бесплатно. Поканата е готова пред крајот на денот.

Бесплатно за уредување

Без претплата

Без апликација за гостите